Rreth nesh

Rreth nesh

Нашето училиште својата воспитно-образовна дејност училиштето почнало да ја остварува во учебната 1955/56 година со името “Доситеј Обрадовиќ”.

Првата учебна година ја започнало со 16 паралелки, од кои 12 на  македонски наставен јазик, а 4 на турски наставен јазик, значи уште од почетокот во ова училиште соживотот бил основен постулат, а се негувале и  меѓуетничките односи.

Од формирањето па се до денес  училиштето и животот во него постојано се менуваат според условите, структурата и начинот на работа се со цел да се прилагоди на времето и потребите на учениците, а со тоа да ги оствари целите и задачите на воспитно-

образовниот процес.

Од 18.10.1993 година училиштето го носи името “Панајот Гиновски” –име на македонскиот преродбеник од Лазарополе.