Еразмус+ проектот

Еразмус+ проектот

Во периодот од 31.05.-04.06.2021 година, во рамките на Еразмус+ проектот „Enjoy Coding with Scratch“ (2020-1-LT01-KA229-07806) се одржа виртуелната мобилност под името ”C1 Code With Me” во организација на Anamur Anadolu Lisesi, од Турција. Првиот ден имаше обраќање на директорот на училиштето-домаќин, по што следеше претставувањето на училишните тимови и презентации од училиштата-партнери. На оваа мобилност покрај нашите наставници Благородна Сотиров, Јетмир Зендели, Симона Петковска и Зехра Реџепи, учествуваа и наставници од Литванија, Бугарија и Италија. Наставниците имаа можност на работилниците да се запознаат со програмски јазик Scratch и неговите можности. За време на мобилноста, присутните наставници изработуваа програми кои можат да ги применат на своите часови. Низ овие денови имавме можност да ги запознаеме и образовни системи на другите држави-партнери. На завршниот ден беа споделени впечатоци од сите присутни наставници и договорени насоки за следните мобилности.
Благодарност до Anamur Anadolu Lisesi за одличната организација.